На 53-тата седница одржана на ден 13.10.2026 година со почеток во 11:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 им овозможи на петмината пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по редослед како се наведени во објавениот дневен ред, да се претстават пред Советот и пошироката јавност и да ги презентираат своите програми за работа. Нивното претставување беше снимено од страна на миа.мк и се пренесуваше во живо.
Под точка разно, Претседателот на Советот ги запозна останатите членови со известувањето на Основниот кривичен суд Скопје дека против јавен обвинител е определена мерка на претпазливост –забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно работни активности на неговото работно место, поради што Советот донесе одлука да се стави вон сила одлуката со која јавниот обвинител е определен за ВД ВЈО на Вишо јавно обвинителство Битола.
Поради ваквата состојба, Советот одлучи да донесе одлука за назначување на јавниот обвинител од ВЈО Битола, Антонио Јолевски за ВД Виш јавен обвинител на ВЈО Битола.
Поради смрт на јавниот обвинител Џемал Лога од Основното јавно обвинителство Струга, Советот констатираше престанок на функцијата.