Соопштение за сумирање на резултатите од гласањето по изборните места за избор на Основен јавен обвинител на ОЈОГОКК

По завршувањето на гласањето за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и предавањето на изборниот материјал од страна на изборните одбори во петте изборни места: ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, ВЈО Штип и ЈОРСМ, Комисијата за избори при Советот на јавните обвинители го утврди следното:

Од вкупно запишаните 187 јавни обвинители во Изборниот именик, на гласање излегле и гласале 175 јавни обвинители,  од кои за кандидатот Фатон Азизи гласале 14, за кандидатот Трајче Пеливанов гласале 57, за кандидатот Лидија Раичевиќ гласале 6, за кандидатот Искра Хаџи Василева гласале 64 и за кандидатот Јован Цветановски гласале 30 јавни обвинители, додека 4 гласачки ливчиња се неважечки.

Записникот од сумираните резултатите од гласањето ќе биде објавен на веб страницата на Советот во текот на утрешниот ден – 29.10.2026 година во работното време. Откако истиот ќе биде објавен ќе почне да тече законскиот рок од 5 часа за доставување на приговор заради заштита на избирачкото право. 

Skip to content