Соопштение од одржана 54-та седница

На 54-тата седница одржана на ден 05.11.2026 година со почеток во 12:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, дополнет со уште една точка – Известување од јавен обвинител за нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата, под точка 1 ги усвои записниците од 50-та, 51-ва, 52-ра и 53-та седница на Советот.

Под точка 2 од дневниот ред, Советот донесе одлука за продолжување на вршењето на функцијата за 1-една година на јавниот обвинител Горан Пешевски, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи и во рок поднесената изјава од страна на јавниот обвинител.

Под точка 3 од дневниот ред, се донесе одлука за именување на јавниот обвинител Искра Хаџи Василева за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје, сметано од 14.11.2026 година.

Под точка 4 од дневниот ред, Советот донесе одлука за распоредување на јавниот обвинител Ислам Абази во Вишото јавно обвинителство Гостивар, со важност од 14.11.2026 година, согласно член 68 став 4 од Законот за јавното обвинителство.

 Под точка 5 од дневниот ред, се донесе одлука за формирање на пописна комисија за 2026 година, составена од претседател и двајца членови и нивни заменици.

Под точка 6 од дневниот ред, Претседателот на Советот наведе дека е пристигнато известување од страна на јавен обвинител од ОЈО Кавадарци заради постоење на надворешно нарушување на самостојноста на јавниот обвинител, извршено од страна на адвокат од Кавадарци. Притоа Советот одлучи да се формира комисија од тројца членови за постапувањето по предметот и преземање на потребните дејствија и извиди заради утврдување на околностите на случајот, а согласно член 5 од Правилникот за начинот на водење на постапка за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители.

Под точка разно, никој не побара збор.

Skip to content