Search
Close this search box.

Годишен извештај за работата на Советот за 2017 година

       

 

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СОВЕТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

                       

 

         Г О Д И Ш Е Н   И З В Е Ш Т А Ј

 

 

ЗА

РАБОТАТА НА

СОВЕТОТ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2017 година

 

 

Јануари  2018 година

 

 

СОДРЖИНА

 

ВОВЕД…………………………………………………………………………………………….

 

 

  1. СТАТУС И НАДЛЕЖНОСТ ………………………………………………………………

 

 

  1. СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ………………………………………………………………….

 

 

  1. ИЗБОРИ И ПРЕСТАНОК НА   ФУНКЦИЈА………………………………………….

 

 

  1. ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРЕТСТАВКИ ПОПЛАКИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ……

 

 

  1. СОРАБОТКА НА СОВЕТОТ СО ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА……………………………………………….

 

 

  1. ОРГАНИЗАЦИЈА,КАДРОВСКА СОСТОЈБА И МАТЕРИЈАЛНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА……………………………………………

 

Вовед

 

Советот на Јавните обвинители на Република Македонија е основан согласно Уставот на Република Македонија во 2008 година. Основна цел за неговото формирање е обезбедување на самостојност, професионалност и стручност во вршењето на функцијата на кривичното гонење како една од трите основни функции во казнената постапка (гонење, одбрана, судење).

Во смисла на законската обврска од член 13 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Советот на јавни обвинители до Собранието на Република Македонија поднесува Годишен извештај за својата работа.

Во текот на извештајната година имаше тенденции кои невестуваа потреба од евентуална промена на формата и содржината на Годишниот извештај. Меѓутоа со ставот 2 од наведениот член на Законот за Совет на јавни обвинители е определена содржината на Годишниот извештај и согласно истиот во продолжение ќе бидат наведени податоците за бројот на избраните и разрешените јавни обвинители во Извештајниот период, податоците за поведените и завршени дисциплински постапки против јавни обвинители, кадровските состојби во јавните обвинителства, материјално-финансиската состојба, податоци за постапување на Советот по претставки и предлози од граѓаните и правни лица. Во Извештајот исто така се наведени и податоците за  постапување на Советот по други поднесоци и тоа Годишните извештаи на обвинителставата – сите Основни, Виши и Републичкото јавно обвинителство како и Годишните ивештаи за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Специјалното јавно обвинителство.

Во посебно поглавје од Извештајот се наведени податоците за соработка на Советот со државни органи и институции како и податоци за кадровската состојба и материјалните услови за работа на Советот.

Во Извештајниот период за работата на Советот на јавни обвинители, карактеристично е тоа што својата функција и работите од своја надлежност, Советот ги извршуваше во намален состав. Имено, во 2017 година на тројца членови на Советот им престана функцијата и тоа на еден член поради исполнување на условите за старосна пензија, а на двајца членови поради избор на друга функција.

Во Извештајната година, Советот на јавни обвинители за првпат од своето формирање во постапка за разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, согласно член 9 став 1 од Законот за Совет на јавните обвинители, даде мислење по Предлогот на Владата на Република Македонија, за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија.

Исто така, во постапка за именување на Јавен обвинител на Република Македонија, на барање од Владата на Република Македонија, а согласно член 9 став 1 од Законот за Совет на јавните обвинители и член 41 став 3 од Законот за јавно обвинителство, Советот даде мислење за кандидатите пријавени на огласот за именување на Јавен обвинител на Република Македонија. Од редот на кандидатите за кои Советот даде позитивно мислење, по предлог на Владата, од страна на Собранието на Република Македонија беше именуван Јавниот обвинител на Република Македонија.

 

Статус и надлежност

Советот на јавните обвинители на Република Македонија е основан согласно Уставот на Република Македонија во 2008 година. Мандатот на членовите на Советот трае 4 четири години со право на уште еден избор. На избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители , додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител.

Првиот состав на  Советот на јавните обвинители на Република Македонија, е конституиран на 01.08.2008 година, а вториот  на 01.08.2012 година, а заврши на 31.07.2016 година. Третиот состав на Советот се конституира на 01.08.2016 а завршува на 31.07.2020 година.

 

Надлежноста  и начинот на работа на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е регулирана во чл. 9 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република   Македонија. Во овој член  детално е опишана надлежноста и начинот на кој Советот постапува и работи се со цел  да ја обезбеди самостојноста на јавните обвинители на територијата на Република Македонија.

 

Основна законска надлежност на Советот на јавните обвинители на Република Македонија е да ги избира и разрешува јавните обвинители на сите нивоа, освен јавниот обвинител на Република Македонија, кој го избира Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија, по кој предлог Советот на јавните обвинители на РМ дава мислење.

Советот го определува бројот на јавните обвинители, ја следи работата на јавните обвинители врз основа на оцената за нивната работа и врз  основа на поднесените годишни и месечни извештаи и поднесените претставки согласно Законот за јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители на РМ.

Советот одлучува за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител  согласно Законот за јавното  обвинителство, донесува одлука со која јавен обвинител привремено се оддалечува од функцијата до донесување на конечната одлука на дисциплинската комисија.

Утврдува престанок на фукнцијата јавен обвинител и одлучува во втор степен во постапката за утврдување на дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

Заради обезбедување на потребниот број на јавни обвинители , Советот секоја година до крајот на месец февруари со одлука го утврдува бројот на слободните јавнообвинителски места во наредните две години и одлуката ја доставува до Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Постапува по претставки и поплаки на граѓани и правни лица за работата на јавните обвинители .

Во делот на надлежноста на Советот  спаѓа, оценувањето на годишните извештаи на јавните обвинителства, издавање и одземање на службените легитимации, водењето на персонални листи за јавните обвинители , давање мислења, и учество во комисиите за законите од областа на делокругот на работата на Советот и јавното обвинителство. Советот превзема и други активности во рамките на своите надлежности, а донесува и Деловник за работа и дава мислења по програмите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

 

 

Начин на работа

Советот работи на седници на кои присуствуваат членовите на Советот и јавниот обвинител на Република Македонија. Истиот е составен од 11 членови, и тоа по еден јавен обвинител од подрачјето на Вишите јавни обвинителства, еден од Јавното  обвинителство на РМ, еден припадник на заедницата која не е мнозинство во РМ, четири члена, ги избира Собранието на РМ, и јавниот обвинител на РМ кој е член по функција.

 

Во текот на извештајниот период Советот одржа 25 седници .На седниците најчесто се одлучуваше за избори и разрешувања на јавните обвинители , но беа разгледувани и други актуелни настани и активности во јавнообвинителската организација.Како и секоја година така и во извештајната година на седниците се разгледуваше и Буџетот на јавното обвинителство, Годишните извештаи  и распореди  за работа на јавните обвинителства. Се разгледуваа и други актуелни настани и проблеми  кои се јавуваа во работата на јавните обвинителства , како што е материјалниот статус и персонални проблеми. Исто така беа разгледани и два Извештаи за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следње на комуникациите и тоа за периодот од 15.09.2016 до 15.03.2017 година  и за периодот од 15.03.2017 до 15.09.2017 година.

 

Избор и престанок на функцијата јавен обвинител

Во 2017 година Советот објави вкупно 2 огласи, на кој се јавија 127 кандидати. Советот формираше работни тела – комисии кои со сите кандидати, а кои се јавуваа за прв пат на оглас, вршеа интервјуа, од кои стекнуваа мислење за секој кандидат и го презентираа на седница на Советот.

Во извештајната година беа избрании 4  јавни обвинители. Оваа година е избран Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола и Основен јавен обвинител на Основното јавено обвинителство Радовиш.  Во извештајниот период не е избран ниту еден јавен обвинител од редот на завршенитѕе кандидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

По однос на половата  структура на избраните јавни обвинители беа избрани 2 жени и 2 мажи, а по однос на националната припадност избрани се 2 македонци и 2 албанци.

 

 

Табела на избрани јавни обвинители во 2017 година

 

Објавени огласи

 

 

Пријавени кандидати Избрани кандидати Од редот на завршена академија
       2         127         4                    /

 

 

При изборот на јавните обвинители во Основните јавни обвинителства, Советот беше лимитиран со ограничен број на кандидати, бидејќи согласно Законот за јавното обвинителство за избор на јавен обвинител во Основно јавно обвинителство, кандидатот мора да има завршено Академија за судии и јавни обвинители.

Советот во последните години констатира несразмерност на обновување на потребниот јавнообвинителски кадар со потребите на јавнообвинителската организација. Тоа се истакнува континуирано како најголем проблем за работата на јавните обвинителства, што доведува до неажурно постапување на јавните обвинители.

 

Согласно Одлуките за определување на бројот на јавните обвинители на Јавните обвинителства и  јавни обвинители во јавните обвинителства донесени на седниците на Советот бројот на јавните обвинители во Република Македонија треба да изнесува 238.

 

Во извештајниот период функцијата јавен обвинител на јавните обвинителства и јавен  обвинител во јавните обвинителства ја извршувале 192 јавни обвинители или 46  јавни обвинители помалку.

 

 

Етничка и полова припадност на  избраните јавни обвинители во Република Македонија

 

Во Јавното обвинителство на Република Македонија вкупно се избрани 12 јавни обвинители од кои мажи 10,  жени 2,  а по национална припадност :   8 македонци, 4  албанци. Од избраните јавни обвинители на еден јавен обвинител фукцијата му  мирува, затоа што  е избран за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во Вишото јавно обвинителство Скопје избрани се 12 јавни обвинители од кои :  7 мажи и 5 жени, а по национална припадност: 6 македонци , 3 албанци , 1 турчин  1 влав,  и 1 србин. Од избраните јавни обвинители на двајца јавни обвинители  функцијата им мирува поради избор за членови на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Во Вишото јавно обвинителство Битола избрани се 5 јавни обвинители од кои 1  маж, 4 жени, а по национална припадност сите се македонци.

Во Вишото јавно обвинителство Гостивар  избрани се 7 јавни обвинители од кои 5 мажи, 2 жени, а по национална припадност се 3 македонци и 4 албанци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува поради избор за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Во Вишото јавно обвинителство Штип  избрани се 5 јавни обвинители од кои мажи 2, жени 3, сите по националност македонци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор  за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција избрани се 10 јавни обвинители  од кои 3 мажи и 7 жени , а по национална припадност 9 македонци и  албанци 1.

Во Основно јавно обвинителство Битола избрани се 8 јавни обвинители од кои 4 мажи и 4 жени, а по национална припадност: македонци 7  и турчин 1. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор  за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Во Основно јавно обвинителство Берово избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 мажи , а по националност македонци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор  во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во Основно јавно обвинителство Гевгелија  избрани се 3 јавни обвинители од кои 3 жени , а по националност македонки. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител на Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Во Основно јавно обвинителство Гостивар  избрани се 5 јавни обвинители од кои 3 мажи и  2 жени , а по национална припадност  се 2 македонци и 3 албанци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Во Основно јавно обвинителство Дебар избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 мажи, а по национална припадност се  1 македонец и 1 албанец.

Во Основно јавно обвинителство Делчево избран е 1 јавен обвинител, а по национална припадност е  македонец .

Во Основно јавно обвинителство Кавадарци избрани се 4 јавни обвинители од кои 2 мажи и 2 жени, а по национална припадност сите се  македонци .

Во Основно јавно обвинителство Кичево  избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 жени, а по национална припадност  се  македонци.

 Во Основно јавно обвинителство Крива Паланка  нема избран јавен обвинител. Таму функцијата ја извршува јавен обвинител од ОЈО Куманово.

Во Основно јавно обвинителство Кочани избрани се 5 јавни обвинители од кои 4 мажи  и 1 жена, по националност се македонци. На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Во Основно јавно обвинителство Куманово  избрани се 10 јавни обвинители од кои 6 мажи   и  4 жени, по националност  6 македонци и 4 албанци. На двајца јавни обвинители функцијата им мирува заради избор за Јавни обвинители во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Во Основно јавно обвинителство Охрид избрани се 8 јавни обвинители од кои 5 мажи , 3 жени, по национална припадност сите македонци . На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор  во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во Основно јавно обвинителство Прилеп избрани се 6 јавни обвинители од кои 2 мажи и 4 жени, по национална припадност сите македонци .

Во Основно јавно обвинителство Радовиш избрани се 2 јавни обвинители од кои 2 жени, по национална припадност  македонки . На еден јавен обвинител функцијата му мирува заради избор за Јавен обвинител во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите.

Во Основно јавно обвинителство Ресен  избран е 1 јавен обвинител, маж, по национална припадност е македонец .

Во Основно јавно обвинителство Свети Николе  избран е 1 јавен обвинители, маж, по национална припадност  македонец.

Во Основно јавно обвинителство Скопје  избрани се 60 јавни обвинители од кои 17 мажи и 43 жени, а по национална припадност 47 македонци, црногорец 1, албанци 7, срби 3, бошњаци 2, турци 1. На 12 јавни обвинители им мирува функцијата  и тоа: 7 јавни обвинители избрани во Основно јавно обвинителство за гонење на органзииран криминал и корупција, 5 јавни обвинители избрани во Јавното обвинителтво за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите, и еден јавен обвинител времено упатен  до шест месеци во Основно јавно обвинителство за гонење на органзиран криминал и корупција.

 

Во Основно јавно обвинителство Струга избрани се 4 јавни обвинители 4 мажи, а по национална припадност 3 македонци  и 1 албанец.

Во Основно јавно обвинителство Струмица избрани се 8 јавни обвинители од кои 3 мажи и 5 жени, а по национална припадност се македонци.

Во Основно јавно обвинителство Велес   избрани се 6  јавни обвинители од кои 6 жени, а по национална припадност сите се  македонки.

Во Основно јавно обвинителство Тетово  избрани се 7 јавни обвинители од кои 4 мажи   и 3 жени, по националност  3 македонци и  4  албанци.

Во Основно јавно обвинителство Штип  избрани се 5 јавни обвинители од кои 1 мажи  и 4 жени, по националност  македонци.

Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите функцијата ја извршуваат вкупно 11 јавни обвинители, од кои 6 мажи и 5 жени, а по националност 8 македонци и 3 албанци.

На 26 јавни обвинители во Република Македонија им мирува мандатот  поради вршење на функцијата јавен обвинител во друго  јавно обвинитилство и поради   вршење на функцијата член на Советот на јавните обвинители на РМ.

Двајца  јавни обвинители се времено упатени за вршење на функцијата јавен обвинител во друго јавно обвинителство во траење до шест месеци.

Во текот на извештајниот период се разрешени вкупно 5 јавни обвинители, сите поради исполнување на услови за старосна пензија.

Во Извештајниот период до Советот на јавни обвинители не е вложена жалба против одлука на дисциплинската комисија во Јавното обвинителство на Република Македонија, ниту пак во Советот е водена второстепена дисциплинска постапка.

 

ТАБЕЛАРЕН ПРИКАЗ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПО ОДЛУКАТА ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА  ВО ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА НА ИЗБРАНИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

ЈО Систематизација Мом. Бр.на ЈО Слободни места Мажи Жени Македонци Албанци Срби Турци Власи Црногорци Бошњаци
1 ЈОРМ 1+14 12(еден во мирување) 3 10 2 8 4
2 ВЈО СКОПЈЕ 1+16 13(два во мирување) 4 7 5 6 3 1 1 1
3 ОЈО СКОПЈЕ 1+61 60(дванесет во мирување) 2 17 43 47 7 3 1 1 2
4 ОЈО КУМАНОВО 1+13 10(два во мирување) 3 6 4 6 4
5 ОЈО ВЕЛЕС 1+8 6 3 0 6 6
6 ОЈО КАВАДАРЦИ 1+4 4 1 2 2 4
7 ОЈО ГЕВГЕЛИЈА 1+3 3(еден во мирување) 1 / 3 3
8 ОЈО КРИВА ПАЛАНКА 1+2 0 3 / / /
9 ОЈО ГОКК 1+12 10 3 3 7 9 1
10 ВЈО ГОСТИВАР 1+6 7(еден во мирување) / 5 2 3 4
11 ОЈО ГОСТИВАР 1+8 5(еден во мирување) 3 3 2 2 3
12 ОЈО ТЕТОВО 1+9 7 3 4 3 3 4
13 ОЈО ДЕБАР 1+1 2 / 2 / 1 1
14 ОЈО КИЧЕВО 1+4 2 3 / 2 2
15 ВЈО БИТОЛА 1+7 5 3 1 4 6
16 ОЈО БИТОЛА 1+8 8(еден во мирување) 1 4 4 7 1
17 ОЈО ПРИЛЕП 1+7 6 2 2 4 6
18 ОЈО ОХРИД 1+7 8(еден во мирување) / 5 3 8
19 ОЈО СТРУГА 1+4 4 1 4 / 3 1
20 ОЈО РЕСЕН 1+1 1 1 1 / 1  
21 ВЈО ШТИП 1+5 5 (еден во мирување) 1 2 3 5
22 ОЈО ШТИП 1+5 5 1 1 4 5
23 ОЈО СТРУМИЦА 1+8 8 / 3 6 9
24 ОЈО БЕРОВО 1+1 2(еден во мирување) / 2 / 2
25 ОЈО ДЕЛЧЕВО 1+1 1 1 1 / 1
26 ОЈО РАДОВИШ 1+1 2(еден во мирување) / / 2 2
27 ОЈО КОЧАНИ 1+5 5(еден во мирување) 1 4 1 5
28 ОЈО СВЕТИ НИКОЛЕ 1+1 1 1 1 / 1
29 СЈО 1+12 11 2 6 5 8 3

 

 

 

Вкупно Мажи Жени Македонци Албанци Срби Турци Власи Црногорци Бошњаци
198 91 107 156 30 4 3 1 1 2
46% 54% 79% 15% 2% 1.5% 0,5% 0,5% 1%

 

ПОСТАПУВАЊЕ  ПО ПРЕТСТАВКИ, ПОПЛАКИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ

 

Претставки и поплаки

Постапувањето по претставки и поплаки на граѓаните и правни лица за работата на јавните обвинители е законска обврска, која во 2017 година од Советот целосно е извршена, на начин и во постапката пропишана  со Деловникот за неговата работа.

Во 2017 година, Советот постапувал по вкупно 166 претставки, што во однос на 2016 година кога биле евидентирани 145 претставки е зголемување на обемот на работа за 21 претставка или 12.6%.

Од вкупно 166 претставки, најголемо учество со поднесени 143 претставаки заземаат физички лица, 15 претставки поднесени се од правни лица, 6 се анонимни претставки и 2 се од други субјекти.

Учествотото на субјектите во поднесувањето на претставките е прикажано во следната табела:

 

 

Табела 1

 

 

 

                      ПОДНЕСИТЕЛИ НА ПРЕТСТАВКИ ЗА 2017 година

Физички лица 143 86%
Правни лица 15 9%
Анонимни 6 4%
Други 2 1%

 

Табела 2

 

 

 

                      ПОДНЕСИТЕЛИ НА ПРЕТСТАВКИ ЗА 2017 година

Оштетени лица 127 76%
Обвинети лица 7 4%
Заинтересирани лица 9 6%
Правни лица 15 9%
Анонимни 6 4%
Други 2 1%
Вкупно 166  

Статистичките податоци укажуваат дека од 166 претставки,  непосредно до Советот се подесени 163, а индирекно преку други институции 3 претставки.

 

  • 1       за  Јавно обвинителство на РМ:
  • 15       за    Вишите јавни обвинителства:
  • 3   во Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,
  • 144    за  Основните јавни обвинителства, и
  • 3     за      Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите

 

Состојба  на поднесени претставки за работата на јавните обвинители по одделни Виши и Основни јавни обвинителства е следната:

 

 

 

 

ВЈО Скопје

 

Основно јавно  обвинителство  

 

Вкупно

Скопје Куманово Велес Кавадарци К.Паланка Гевгелија
7 58 15 8 2 1 2 93

 

 

 

 

ВЈО Битола

 

Основно јавно  обвинителство  

 

Вкупно

Битола Прилеп Охрид Ресен Струга
4 7 4 11 3 2 31

 

 

 

 

 

ВЈО Штип

 

Основно јавно  обвинителство  

 

Вкупно

Штип Кочани Струмица Св .Николе Делчево Берово
3 1 3 4 3 2 / 16

 

 

 

 

 

ВЈО Гостивар

 

Основно јавно  обвинителство  

 

 

Вкупно

Гостивар Тетово Кичево Дебар
1 14 7 4 / 26

 

 

Од изнесените податоци  може да се заклучи дека најголем број претставки се однесуваат на работата на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство Скопје,  со оглед на  обемот на работата што ова обвинителство го има  во вкупниот обем на работа.

Од анализата на  содржината на претставките по ниту еден критериум не е можно нивно групирање и статистичка обработка, по основ на основите поради кои се поднесуваат, но заедничко за сите е изразеното незадоволство од постапувањето и одлуките на јавните обвинители, па така :

Oштетените граѓани и правни лица се незадоволни  заради наводно непостапување по поднесени кривични пријави и недобивање на ивестувања од нивна страна во подолг период, а особено се незадоволни од  донесените  решенија за отфрлање на кривичните пријави. Во мал број на случаи представките се однесуваат и за застарувања на кривичното гонење. Во одредени случаи се забележува несоодветно постапување на основните обвинителства по напатствијата на вишите јавни обвинителства. Заради недостигот на јавни обвинители  и друг јавнообвинителски кадар во основните јавни обвинителства како што е и претходно наведено  се забележува зголемување на неажурноста во истите. Ваквата состојба особено се изразува во Ојо Скопје и Ојо Гостивар.

Обвинетите лица како подносители на претставките се незадоволни што против нив се водат кривични постапки, сметаат дека обвиненијата против нив се тенденциозни и резултат на нестручно постапување на јавните обвинители. Обвинетите сугерираат за повлекување на обвиненијата, за нивно прецизирање или измена на правната квалификација на кривичното дело и слично. Претставките на оштетените и обвинетите лица се и со барања за изземање на јавните обвинители, утврдување  на  дисциплинска одговорност и нивно разрешување.

Советот во 2017 година согласно Законот, а на начин и во постапката пропишана со Деловникот за неговата работа има  постапено по сите претставки.

Мораме да нагласиме дека во текот на проверките на наводите во претставките, воочени се пропуштања во постапувањата на  јавните обвинители, од формална природа.  Заради тоа од повисоките јавни обвинителства им е укажувано да во иднина не се повторуваат вакви повреди,  меѓутоа  констатирано е дека   истите не биле од влијание на законитоста  на донесени одлуки.

 

Постапување по други поднесоци

 

Советот во 2017 година постапувал и по 265 други поднесоци, што во однос на евидентирани 231 во 2016 година што е зголемување во обемот на работа по тој основ за 34 поднесоци.

Од наведената бројка особено е потребно да се истакне следното постаување на Советот:

  • разгледани и оценети се 22 Годишни извештаи за работа во 2016 година на Основните јавни обвинителства, Годишниот извештај за работа на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, разгледани и оценети годишните извиштаи
  • на четирите Виши јавни обвинителства и Годишен извештај на Јавното обвинителство на Република Македонија кои се позитивно оценети од страна на Советот на јавните обвинители,
  • разгледани се сите извештаи,кои се доставени до Советот од редовните контроли на работењето на јавните обвинители во Основните јавни обвинителства , а такви контроли се вршени на два пати во годината, од страна на Вишите јавни обвинителства и Јавното обвинителство на РМ.     Разгледани се извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители  за  континуирана обука на обвинители  на сите нивоа.
  • Исто така беа разгледани и два Извештаи за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следње на комуникациите и тоа за периодот од 15.09.2016до 15.03.2017 година, и за периодот од 15.03.2017 до 15.09.2017 година.

 

 

СОРАБОТКА НА СОВЕТОТ СО ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

 

 

Институционална соработка

 

Институционално зајакнување на Советот како самостоен орган само по себе не е негова цел, туку е нужна потреба заради обезбедување на самостојноста и независноста на јавните обвинители во извршувањето на нивната функција, според општо прифатени стандарди содржани во меѓународни конвенции и препораки и нивна имплементација  во домашното законодавство.

Во 2017 година со програмата за работа на Советот , соработката со државните органи и институции беше проектирана да се остварува во три насоки:

  • непосредно вклучување на Советот во постапките за измени и допoлнување на Кривичното законодавство  и Законите од делокругот на неговата работа, иницијатива за измени на Законот за Советот на јавните обвинители на РМ;
  • давања на мислења за закони кога тоа Министервото за правда и други надлежни институции ќе го побарат од него и
  • во насока  на реализирањето на почетна обука на кандидати за јавни обвинители, и континуирана обука  на јавни обвинители од сите нивоа во Република Македонија.

Во контекст на наведеното, најдиректна соработка Советот има оставрено со Јавните обвинителства, со секојдневни контакти и непосредни средби по разни основи, со Академија за судии и јавни обвинители, во чии органи  како што се Управниот одбор и Програмскиот совет, учествува со свои членови. Оставена е соработка на Советот на јавните обвинители и со Министерството за Правда преку учество на членовите на Советот во повеќе комисии и работни тела.

Советот соработуваше со Судскиот совет, Врховниот суд, Здруженијата на јавните обвинители и судии и  со други државни органи и институции.

 

 

Меѓународна соработка

Во минатата година  Советот активно учествуваше на сите семинари, конференции, тркалезни маси, и работилници  организирани во Република Македонија од Академијата и други правосудни институции па и на оние со  учеството на претставници и експрети на меѓународни институции. Остварена е значајна соработка со повеќе невладини организации, со активно земање на учество на нивните конференции, работилници и слично.

 

 

 

ОРГАНИЗАЦИЈА, КАДРОВСКА СОСТОЈБА И МАТЕРИЈАНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

 

 

Внатрешна организација

Советот својата функција, правата и обврските во 2017 година не ги извршуваше во полн состав. Од 10-те избрани членови на Советот, 7 се македонци, 2 албанци и 1 влав . Во неговиот состав  има три жени. Во 2017 година на три членови на Советот му престана мандатот и тоа, поради исполнување на условите за старосна пензија на еден член и на два членови поради избор на друга јавна функција.

Извршувањето на стручни административно технички и управни работи, е во надлежноста на  Стручната служба. Во текот на претходните години донесени се нови правилици и тоa: Правилник за внатрешна организација на работните места и Правилник за систематизација на работните места во Советот на јавните обвинители на Република Македонија, и според него стручната служба е поделена на две одделенија и тоа :

 

  • Одделение за административно-правни и општи работи , и

–     Одделение за буџет и финансиски работи.

Од предвидените 13 извршители во стручните служби вработени се 5 лица.   Со стручната служба раководи Генерален секретар на Советот.

 

 

Услови за работа

 

Со Одлука на Владата на РМ , во октомври 2013 година,  на Советот, на трајно користење му беа доделени 527 m2 деловен простор , на 5 –ти кат од зградата на улица “Кеј Димитар Влахов “ Скопје, со тоа просторното  сместување се сметаше за решено. Меѓутоа сметам за потребно да потенцирам дека просторните и хигиено-техничките услови во зградата и катот во кој Советот на јавните обвинители ја обавува својата функција не ги задоволува потребните критериуми и услови за непречено вршење на функцијата на Советот.

Во поглед на техничката опременост нагласуваме дека Советот е опремен со опрема добиена од Министерсвото за правда на РМ.  Техничката опременост исто така не задоволува, во смисла на недоволна техничка  опременост-персонални компјутери, преносливи компјутери (лаптопи), принтери, опрема за скенирање и дуга неопходна техничка опрема. Во текот на изминатите години беа добиени комјутери, еден лаптоп и еден скенер, што е далеку од реалните потреби на Советот.

Со формирањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се зголемија надлежностите на Советот имајќи ја во вид одредбата – чл. 7 ст. 3 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Советот на јавните обвинители на РМ како што е познато  нема сопствен буџет, туку се финансира како дел од буџетската програма на Јавното обвинителство на Република Македонија. Ваквата состојба е неодржлива и е неопходно што поскоро целосно буџетско осамостојување на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, од причина што Советот многу лесно при добивањето согласност од Јавното обвинителство на Република Македонија паѓа во доцнење со исплата на своите обврски кон добавувачите, па имало и случај да се поведе прекршочна постапка против одговорно лице во Советот на јавните обвинители на Република Македонија. Ова додатно ја нагласува изострува потребата за самостоен буџет на Советот.

Советот на јавните обвинители на РМ, иако соочен со потешкотии во неговото функционирање сите обврски во 2017 година успешно ги има извршено.

 

 

 

 

 

 

 

 

Skip to content