Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права на ден 14.04.2025 година објави Јавен оглас за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права, во Службен весник на РСМ бр.79/2025.
Јавниот оглас ќе биде достапен и на веб страната на Советот на јавните обвинители на РСМ, како и обрасците за биографија (CV) на македонски, англиски и француски јазик, кои ќе треба да ги пополнат заинтересираните кандидати.