Одржана меѓуинституционална работна средба на 05.12.2025 година

На ден 05.12.2025 година на покана од Министерството за правда, член на Советот на јавните обвинители учествуваше на меѓуинституционална работна средба за координација на процесот на спроведување на “Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 година со Акцискиот план“, која се одржа во хотел Солун-Скопје.  

Секој од присутните претставници на институциите имаше кратка презентација за статусот на спроведување на активностите во текот на 2025 година и плановите за реализација во следната година.

Целта на работната група беше понатамошно унапредување на координацијата помеѓу клучните органи на кои во Акцискиот план од Стратегијата им е доверено спроведувањето на конкретни активности планирани со овој стратешки документ, како и подобрување на системот за известување на статусот на спроведување на активностите во текот на 2025 година и плановите за реализација во следната година.

Skip to content