Посета на Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија имаше особенa чест и задоволство на 02.11.2026 година да ги прими во посета Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-н Kilian Wahl и шефицата на Одделот за владеење на правото и човековите права при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г-ѓа Rasudan Tabatadze, поканети по повод презентација на опремата за снимање на седниците на Советот, инсталирана во салата за одржување на седници, како резултат на донацијата од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Во оваа прилика, Советот на јавните обвинители ја изрази својата огромна благодарност за соработката и финансиската помош на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во сите досегашни проекти, во кои тимот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје секогаш се вложува професионално, одговорно и несебично заради остварување на зацртаните цели и идеи, особено во овој период на работата на проектот за донирање на финансиски средства за инсталирање на опремата за снимање, а која ќе овозможи седниците на Советот да бидат снимени и емитувани во живо. На овој начин се реализира повеќегодишното залагање на Советот на јавните обвинители за подобрување на транспарентноста на своето работење, преку снимање и емитување во живо на седниците на Советот, каде всушност се дискутираат и решаваат конкретните прашања од делокруг на Советот.

Skip to content