На 3-ти и 4-ти ноември 2025 година во хотел Радика – Маврово, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија преку двајца свои претставници, негови членови, учествуваше на обука на тема: Родово базирано насилство –разбирање, принципи и меѓународни и национални стандарди, со пристап фокусиран на жртва. Обуката беше организирана од страна на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа Мисија во Скопје) и Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев – Скопје.