Работилница за изработка на новите Правилници за постапката за надзор над работењето во јавните обвинителства и на постапката за оценување на работата на јавните обвинители

Во периодот од 13-ти до 15-ти мај 2026 година во соработка со проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото –Rule of law“, членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и јавни обвинители од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија учествуваа на работилница за изработка на новите правилници за постапката за надзор над работата и постапувањето на јавните обвинителства и постапката за оценување на работата на јавните обвинители, во хотел Дрим – Струга. Имено, со донесувањето на новиот Закон за Советот на јавните обвинители на РСМ, како и Законот за јавното обвинителство чие донесување е во завршна фаза, потребно е да се усогласат подзаконските акти кои ги донесува или применува Советот на јавните обвинители. Во таа смисла, на работилницата се разгледаа конкретни измени на Правилникот за утврдување на постапката за вршење на надзор над работењето во јавните обвинителства и Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, а во склад со новите законски решенија за надзор над работењето на јавните обвинителства и оценувањето на работата на јавните обвинители.  Се изработија драфт верзии на правилниците и по исполнувањето на условите, се очекува во брзо време да истите бидат донесени од страна на Советот на јавните обвинители и  Јавниот обвинител на РСМ.

Сподели

Facebook
X
LinkedIn
Email
Print
Skip to content