На 11-ти февруари 2026 година во просториите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, се одржа работна средба помеѓу претставници на Советот на јавните обвинители и тоа: Претседателот г-н Башким Бесими и членовите г-ѓа Марјана Илиеска и г-н Ермон Незири, со Високиот инспектор за правда на Р. Албанија, г-н Артур Метани и четворица претставници на инспекторатот. Се разговараше за соработката помеѓу двете институции и размената на искуства преку студиски посети на членовите и претставниците на овие институции. Како заклучок од оваа работа посета произлезе да заеднички во наредниот период земјите од Западен Балкан организираат регионални средби по систем на ротација, за соработка и исполнување на условите на земјите за влез во Европската Унија. Оваа работна средба беше поддржана и организирана од страна на Мисијата на ОБСЕ во РС Македонија и Р. Албанија.


