Работна средба со претставници од ОБСЕ во Советот на јавните обвинители на РСМ

На 13-ти февруари 2026 година во просториите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија се одржа работна средба на Претставници на Советот на јавните обвинители и тоа: Претседателот на Советот г-н Башким Бесими и членот г-н Ермон Незири, со г-н Франц Петучниг – Раководител на Проектот за набљудување на судски процеси од организиран криминал и корупција спроведуван од ОБСЕ, а финансиран од Европската Унија и г-ѓа Русудан Табатадзе – Шеф на Одделот за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ – Скопје.  Целта на средбата беше запознавање со активностите на Проектот за судски мониторинг, како и други планирани активности на Мисијата на ОБСЕ во областа на правосудството. Се разговараше и за ефективноста на правосудниот одговор на сериозниот организиран криминал и корупција во РСМ и од нивна страна беше доставен интерен Извештај од набљудувањето на судските процеси во Западен Балкан.

Сподели

Facebook
X
LinkedIn
Email
Print
Skip to content