Соопштение

Во врска со известувањето доставено до Советот на јавните обвинители на РСМ од страна на Комисијата за политички систем на Владата на РСМ за одржување на 37-ма седница на Комисијата за политички систем на ден 26.10.2026 година на која една од точките на дневен ред ќе биде годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година, Заменик претседателот на Советот на јавните обвинители го изложи годишниот извештај пред членовите на Комисијата со податоци за работата на Советот во однос на избрани и разрешени јавни обвинители, бројот на поведени и завршени дисциплински постапки, податоци за постапувањето по претставки и поплаки од граѓани и правни лица, кадровските состојби, материјално финансиската состојба во Советот, како и други податоци од делокругот на работењето на Советот.

Skip to content