Search
Close this search box.

Соопштение

Соопштение за јавноста за одржана седница на ден 22.10.2024 година

На третата седница одржана на ден 22.10.2024 година, со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб-страната на Советот на 18.10.2024 година, го усвои и записникот од втората седница на Советот на јавните обвинители и донесе одлуки за избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Вишото јавно обвинителство Битола, постапувајќи по огласите објавени во Службен весник на РСМ бр.39/2024 од 15.02.2024 година и бр.136/2024 од 27.06.2024 година.

За јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола е избран јавниот обвинител Антонио Јолевски, за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје е избрана јавниот обвинител Наташа Крстева Цалева, за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се избрани јавните обвинители Валентина Стојановска и Златко Биковски и за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избрани јавните обвинители Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи. Наведените јавни обвинители го добија потребното мнозинство гласови од страна на членовите на Советот.

Понатаму на седницата се донесе одлука за мирување на функцијата јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола на Ирина Трајкоска Стрезоски поради избор за директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се донесе одлука за номинирање на членот на Советот – Зорица Павловиќ за заменик член на Етичкиот совет на јавни обвинители.

Skip to content