Соопштение од 47-ма седница

На 47-мата седница одржана на ден 02.07.2026 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред надополнет со нова точка – Формирање на комисија за постапување по приговор на јавен обвинител против одлука за оценување, го усвои записникот од 46-та седница на Советот.

Потоа, се пристапи кон разгледување на извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје со подрачните основни јавни обвинителства (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија) за 2025 година во присуство на ВД Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје Наташа Крстевска Цалева. Откако извештајот беше презентиран од страна на ВД Вишиот јавен обвинител, се отвори расправа и дискусија при што членовите на Советот поставуваа прашања и даваа коментари за истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.

Под точка 3 од дневниот ред, се разгледа извештајот за работа на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за 2025 година во присуство на Основниот јавен обвинител Ислам Абази. Откако извештајот беше презентиран од страна на Основниот јавен обвинител на ОЈО ГОКК, се отвори расправа и дискусија при што членовите на Советот поставуваа прашања и даваа коментари за истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.

Под точка 4 од дневниот ред, поради исполнување на услови за старосна пензија  на јавниот обвинител Миле Мојсовски од ОЈО Скопје, Советот донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на 17.08.2026 година.

Под точка 5 од дневниот ред, Советот донесе одлука за определување на јавниот обвинител Диљавер Бектеши од Вишото јавно обвинителство Гостивар за вршител на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Кичево.

Под точка 6 од дневниот ред, се донесе одлука за номинирање на членот на Советот Душица Димитриеска за член на дисциплинската комисија при Комората на извршители на РСМ.

Под точка 7 и 8 од дневниот ред, Советот донесе одлука за објавување на оглас за избор на Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и на Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Битола.

            Под точка 9 од дневниот ред, Советот донесе одлука за формирање на Комисија за постапување по приговорот поднесен од страна на јавен обвинител против одлуката за оценување.

            Под точка разно, Претседателот на Советот ги запозна останатите членови со дописот и барањето на Министерството за правда на РСМ, како резултат на што Советот номинираше двајца претставници и тоа членовите Јелена Догазанска Колева и Фатих Алиу во Работната група за преглед и ажурирање на методологијата за релевантен статистички систем за мониторинг на антикорупциска политика.

Skip to content