Соопштение од 49-та седница

На четириесет и деветтата седница одржана на ден 17.07.2026 година со почеток во 11:00 часот, Претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија предложи измена на објавениот дневен ред, на начин што точката разно да биде разгледана пред точката 9 од дневниот ред, која се однесува на одлучување по дисциплински предмет.

Вака изменетиот дневен ред беше едногласно усвоен од страна на членовите на Советот, по што под точка 1 се донесе одлука за избор на јавниот обвинител Зоран Маркоски од ОЈО Скопје за Основен јавен обвинител на ОЈО Крива Паланка.

Под точка 2 од дневниот ред, се донесе одлука по приговорот изјавен од Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола, Оливера Нечаковска против одлуката на Вишиот јавен  обвинител на ВЈО Битола за оценување на јавниот обвинител, така што се утврди дека приговорот е основан и се задолжува оценувачот да спроведе повторно оценување, согласно напатствијата на Советот.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот донесе одлука за утврдување на бројот на слободни јавнообвинителски места во јавните обвинителства во РСМ за наредните 5 години, така што се утврдија 106 слободни јавнообвинителски места.

Под точка 4, 5 и 6 од дневниот ред, се донесе одлука за определување на Раководители на три основни јавни обвинителства,  така што јавниот обвинител Сузана Бошнаковска се определува за Раководител на ОЈО Берово, јавниот обвинител Дарко Цветановски за Раководител на ОЈО Свети Николе и јавниот обвинител Ерол Шериф за Раководител на ОЈО Ресен.

Под точка 7 од дневен ред, Советот донесе одлука за објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, со важност од 10.08.2026 година, со оглед на рокот предвиден во Законот за јавното обвинителство.

Под точка 8 од дневен ред, се донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител, поради исполнување на услови за старосна пензија на 08.09.2026 година, во однос на јавниот обвинител Ахмед Ахмеди од ОЈО Гостивар.

Под точка разно, се донесе одлука за мирување на функцијата на јавниот обвинител Зоран Маркоски во ОЈО Скопје, а поради неговиот избор за Основен јавен обвинител на ОЈО Крива Паланка.

Под точка 9 од дневниот ред, во врска со донесувањето на правосилната пресуда од страна на Управниот суд на РСМ со која е уважена тужбата на тужителот – јавниот обвинител Ивана Трајчева од ОЈО Скопје и е поништено решението на Советот на јавните обвинители СОЖ бр.3/23 од 23.11.2023 година, во ставот 3 од решението, Советот при повторно одлучување донесе одлука да се одбие жалбата на јавниот обвинител изјавена против решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителска функција како неоснована и истото да се потврди.

Skip to content