На педесет и првата седница одржана на ден 16.09.2026 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневниот ред, под точка 1 ги усвои записниците од 48-ма и 49-та седница на Советот.
Под точка 2 од дневниот ред, Советот донесе одлука по приговорот изјавен од јавниот обвинител Оливера Нечаковска против одлуката за оценување, така што истиот го прифати и го оцени јавниот обвинител со максимални 25 бодови согласно член 53 став 5 од ЗЈО.
Под точка 3 од дневниот ред, се донесе Правилник за спроведување интервју во постапките за избор и начинот на преставување на јавните обвинители, согласно член 9 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Под точка 4 од дневниот ред, се разгледа Извештајот за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2025 година, изготвен од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Откако извештајот за работа беше презентиран од страна на Јавниот обвинител на РСМ, м-р Ненад Савески се отвори расправа и дискусија со членовите на Советот во врска со истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.
Под точка разно, член на Советот ги запозна останатите членови со предмет во врска со поднесена претставка против работењето на јавен обвинител од ОЈО Охрид, каде при извршен надзор од страна на повисокото јавно обвинителство се констатирани пропусти од страна на јавниот обвинител. Од таа причина, Советот одлучи да се препрати претставката со сите списи до Вишиот јавен обвинител на ВЈО Битола, заради испитување на околностите и евентуално преземање на мерки согласно законот.