На дваесет и седмата седница одржана на ден 16.07.2025 година, со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 донесе Одлука за избор на двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје, така што од пријавените кандидати по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.247/2024 од 05.12.2024 година, ги избра јавните обвинители Дарко Јакимовски и Владимир Милошески, а под точка 2 од дневниот ред донесе Одлука за избор на двајца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, така што од пријавените кандидати по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.29/2025 од 11.02.2025 година, ги избра јавните обвинители Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ.
Под точка 3 од дневниот ред, Советот на јавните обвинители донесе одлука за измена на годишниот распоред за работа, така што членот на Советот – Фатих Алиу го постави за координатор на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола, а членот на Советот – Јелена Догазанска Колева за координатор на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје.