На триесет и втората седница одржана на ден 09.12.2025 година со почеток во 14:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страницата на 05.12.2025 година, под точка 1 ги усвои записниците од 28-ма, 30-та и 31-ва седница на Советот.
Под точка 2 од дневниот ред, Советот констатираше престанок на функцијата на јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи –Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, по сопствено барање.
Под точка 3 од дневниот ред, Советот донесе одлука за формирање на Комисија за спроведување на Стратегијата за комуникација и транспарентност 2025-2028.
Под точка 4 од дневниот ред, Советот донесе одлука за избор на Претседател на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, така што за Претседател е избран членот на Советот, Башким Бесими, а на негов предлог за заменик Претседател е избрана членот на Советот, Марјана Илиеска.
Под точка разно, член на Советот на јавните обвинители ги запозна присутните со проблемот со овластен потписник на сметка на Основното јавно обвинителство Берово и се разгледаа законските можности за надминување на проблемот.