На 34-тата седница одржана на ден 29.12.2025 година, со почеток во 12:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страницата на 24.12.2025 година, под точка 1 ги усвои записниците од 32-ра, 33-та и 35-та седница на Советот.
Потоа под точка 2 од дневниот ред, се донесе одлука за формирање на работна група за подготовка на Годишниот извештај на Советот на јавните обвинители на РСМ за 2025 година, во состав од тројца членови на Советот: Марјана Илиеска, Светлана Стојковиќ и Ардиан Демири.
Под точка 3 и 4 од дневниот ред, се донесе одлука за објавување на оглас за избор на Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје и одлука за објавување на оглас за избор на 5-пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје.
Под точка 5 од дневниот ред, се донесе одлука да се формира пописна Комисија, во Советот на јавните обвинители.
Под точка 6 од дневниот ред, се донесе одлука за измена и дополнување на Распоредот за работа на членовите на Советот, така што за координатори на подрачјето на ВЈО Гостивар се назначија членовите на Советот: Кети Петкова и Зорица Павловиќ, а за координатор на подрачјето на ВЈО Битола се назначи членот на Советот, Душица Димитриеска.
Под точка 7 од дневниот ред се пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2024 година, изготвен од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, во присуство на вршителот на функција Јавен обвинител на РСМ, Анита Тополова Исајловска. Откако извештајот беше презентирани од нејзина страна, Советот на јавните обвинители истиот позитивно го оцени и го усвои.
Под точка разно, членот на Советот, Кети Петкова ги запозна останатите присутни со барањето од Основното јавно обвинителство Тетово и проблемот со којшто се соочува во врска со просторните капацитети, каде што е сместено јавното обвинителство. Сите се согласија дека е потребно да се реагира до надлежните институции, со наше барање и барање од страна на ВД ЈО на РСМ.