Соопштение од одржана 36-та седница

На триесет и шестата седница одржана на ден 20.01.2026 година со почеток во 11:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страницата на 14.01.2026 година, а дополнет со уште една точка – Формирање на Комисија за спроведување на постапка за заштита на јавен обвинител од нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата, под точка 1 го усвои записникот од 34-тата седница на Советот, а под точка 2 од дневниот ред ги разгледува писмените изјави за продолжување на функцијата јавен обвинител за една година согласно Законот за измена и дополнување на Законот за работни односи.

Под точка 3 од дневниот ред по дискусијата за пријавените кандидати беше донесена одлука за избор на јавниот обвинител Анел Фидоски за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Под точка 4 од дневниот ред по дискусијата беше донесена одлука за избор на јавниот обвинител Бесир Алиу за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

Под точка 5 од дневниот ред, по повод примено известување на јавен обвинител за нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата, Советот формираше Комисија за спроведување на постапка за заштита на јавен обвинител од нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата, согласно Законот за Советот на јавните обвинители и Правилникот за начинот на водење на постапка за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители.

Под точка разно, членот на Советот ги запозна останатите членови за предмет по повод претставка каде е добиен одговор од извршен надзор дека постојат пропусти од јавен обвинител при постапувањето по одреден предмет и е одлучено да се достави претставката на понатамошно постапување до Јавното обвинителство на РСМ. Исто така членот на Советот ги запозна останатите членови и со дописот-известување од јавен обвинител од ЈОРСМ добиен во врска со друг предмет оформен во Советот по повод претставка, со којшто го известува Советот дека е поведена дисциплинска постапка спрема јавниот обвинител како резултат на постапувањето по други предмети, но и дека Дисциплинската комисија ќе биде запознаена  и со конкретниот предмет.

Skip to content