На 38-мата седница одржана на ден 17.02.2026 година, со почеток во 13:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневниот ред дополнет со уште една точка – Донесување на одлука за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување на услови за старосна пензија за јавен обвинител од ОЈО Скопје, под точка 1 се отвори расправа и дискусија за давање на мислење за пријавените кандидати по Огласот за именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Притоа, Советот донесе заклучок дека кандидатот Владимир Панчевски не си исполнува условите согласно законот, а во однос на останатите четворица кандидати и тоа: Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ, Ленче Ристеска и Ненад Савески, даде позитивно мислење за именување на Јавен обвинител на РСМ.
Под точка 2 од дневниот ред, се донесе одлука за престанок на функцијата на јавен обвинител од ОЈО Скопје поради исполнување на услови за старосна пензија.