Соопштение од одржана 40-та седница

На четириесетата седница одржана на ден 27.03.2026 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, го усвои објавениот дневен ред со измена само во однос на редоследот на точка 2 и 3, така што изборот на јавни обвинители во ОЈО ГОКК ќе се разгледува под точка 2.

Под точка 1 ги усвои записниците од 38-ма и 39-та седница на Советот.

Под точка 2 од дневниот ред, Советот донесе одлука за избор на 4 јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, и тоа: Енѓелуше Кадриу Леши, Александар Маркоски, Ана Гоговска Јакимовска и Ана Стојковиќ Димитровска.

Под точка 3 од дневниот ред, Советот не донесе одлука за избор на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, од причина што ниту еден кандидат не го доби потребното мнозинство.

Под точка разно, Советот на јавните обвинители донесе одлука за мирување на функцијата на новоизбраните јавни обвинители во матичните јавни обвинителства, сметано од 01.04.2026 година, кога истите ќе стапат на функцијата јавен обвинител во ОЈО ГОКК.

Skip to content