Соопштение од одржана 55-та седница

На 55-тата седница одржана на ден 12.11.2026 година со почеток во 11:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија го усвои објавениот дневен ред, кој во однос на точката 1 се измени, односно се направи исправка поради грешка од техничка природа на бројот на предметот, така да наместо СОЖ бр.3/26, треба да биде СОЖ бр.2/26.

Под точка 1 од дневниот ред, откако јавноста беше исклучена со гласање од страна на сите присутни членови на Советот, се пристапи кон разгледување на предметот СОЖ-2/26 оформен по повод жалбата на јавниот обвинител во ВЈО Битола, Пецо Везироски против одлуката за оддалечување од вршењето на функцијата од 03.11.2026 година.

По расправата и дискусијата, Советот во присуство на јавноста донесе одлука со која жалбата поднесена од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, Пецо Везироски против одлуката за оддалечување од вршењето на јавнообвинителската функција сметано од 03.11.2026 година донесено од страна на Јавниот обвинител на РСМ, се одбива како неоснована и се потврдува обжалената одлука.

Под точка разно од дневниот ред, никој не побара збор.