На ден 30.06.2026 година во соработка со проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото –Rule of law“, членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија учествуваа на работилница за изработка на нов Деловник за работа на Советот на јавните обвинители на РСМ, во просториите на Советот. Имено, на оваа работилница се разгледаа конкретни предлози и решенија заради усогласување на Деловникот со новиот Закон за Советот на јавните обвинители, како прва фаза од обврската на Советот за усогласување на сите подзаконски акти кои ги донесува или применува.