На дваесет и третата седница одржана на ден 04.04.2025 година со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија согласно објавениот дневен ред, под точка 1 го разгледа и усвои Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2024 година.
Под точка 2 од дневниот ред го донесе и усвои Планот и програмата на Советот на јавните обвинители за 2025 година
По т.3 донесе одлука за продолжување на функцијата на јавните обвинители Џелал Хусмани – јавен обвинител во ОЈО Гостивар, Виолета Стојаноска – Јавен обвинител во ОЈО Кичево, Расим Дреца – јавен обвинител во ОЈО Скопје, Миле Мојсовски – јавен обвинител во ОЈО Скопје и Ахмед Ахмеди – јавен обвинител ОЈО Гостивар, согласно Законот за измена и дополнување на Законот за работни односи
Под точка 4 донесе Одлука за престанок на функцијата на јавен обвинител поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Струмица – Лидија Георгиева
Под точка разно се дискутираше дека дел од јавните обвинители на подрачјето на Вишо јавно обвинителство Скопје не доставуваат навремено месечни извештаи за работа и за таа цел потребно е да се достави барање до Основниот јавен обвинител во ОЈО Скопје да достави податоци по однос на ваквите околности, потоа претседателот ги запозна членовите со дописот доставен од страна на Академијата за судии и јавни обвинители кој се однесува на објавата на вториот оглас за судии од страна на Судскиот совет на РСМ објавувајќи потреба од прием на повеќе судии во однос на доставената проекција за осма генерација.
Претседателот на Советот ги запозна членовите на Советот со содржината на Меморандум за соработка, доставен од стана на Хелсиншки комитет и се номинира еден член и заменик член на Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупција при Министерство за правда на Република Северна Македонија.