Соопштение од одржана 39-та седница

На триесет и деветтата седница одржана на ден 25.02.2026 година со почеток во 10:30 часот, по усвојувањето на дневниот ред, под точка 1 се донесе одлука со која се утврди бројот на слободни јавно обвинителски места во основните јавни обвинителства во Република Северна Македонија за наредните две години, така што истиот број изнесува 55. Ваквата одлука ќе биде доставена до Академијата за судии и јавни обвинители.

По однос на точка 2 од дневниот ред, се разгледа и се усвои Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2025 година, а под точка 3 по разгледувањето на завршната сметка на Советот на јавните обвинители на РСМ за 2025 година, истата се усвои од страна на Советот.

Под точка разно, член на Советот во интерес на транспарентноста, а по повод јавната прозивка од Министерот за права на РСМ упатена до Советот да свика итна седница и да го разгледа постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби, за да утврди дали постои одговорност кај јавните обвинители, кажа дека согласно чл.28 од Законот за јавното обвинителство, повисокото јавно обвинителство го врши надзорот и во оваа фаза на постапката Советот нема надлежност да врши надзор над законитото постапување на јавните обвинители, со што се согласија сите членови на Советот.

Skip to content