Search
Close this search box.

Соопштение по повод седницата од 12.03.2025 година

СООПШТЕНИЕ

На дваесет и првата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија одржана на ден 12.03.2025 година со почеток во 13:30 часот, по усвојувањето на дневниот ред, се донесе

ОДЛУКА ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ВО ОСНОВНИТЕ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛСТВА ВО РСМ И ТОА:

  1. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје
  2. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Крива Паланка
  3. Двајца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Куманово
  4. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Велес
  5. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола
  6. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство  Охрид
  7. Двајца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Прилеп
  8. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Ресен
  9. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга
  10. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар
  11. Двајца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Кичево
  12. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Тетово
  13. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Штип
  14. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Радовиш
  15. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Кочани
  16. Еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струмица

Советот на јавните обвинители на истата седница под точка разно донесе Заклучок за јавна реакција со која ќе бидат известени институциите во правосудниот систем на РСМ, по однос на постапките за избор на кандидатите од 8-мата генерација од Академијата за судии и јавни обвинители и непочитување на одлуката за проекциите од страна на Судскиот совет на РСМ.

Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Судскиот Совет самостојно врз основа на свои анализи го утврдува бројот на потребни кадри, а врз основа на тие проекции, Управниот одбор на АСЈО донесува одлука за бројот на кандидати по генерација. Во конкретниот случај по однос на 8-мата генерација, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија донел одлука за 47 слободни јавнообвинителски места, а Судскиот совет на РСМ за 50 слободни места за судии, па Управниот одбор согласно проекциите донел одлука со која е утврдено дека 8-мата генерација ќе има вкупно 97 кандидати. Судскиот совет по изборот на 49 судии од редот на кандидатите од 8-мата генерација на АСЈО, на 11.03.2025 година распишува оглас за избор на уште 35 судии во основните судови во РСМ, со што не ги почитува своите одлуки и одлуките на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, бидејќи со изборот на останатите кандидати ќе се наруши функционирањето на Јавното обвинителство во целина, функционирањето на Академијата за судии и јавни обвинители и институционалната соработка. Од тие причини за истото ќе бидат известени Министерството за правда на РСМ, Академијата за судии и јавни обвинители и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Skip to content