Соопштение во врска со спроведување на изборот на ОЈО на ОЈОГОКК

Денес, 28.10.2026 година во период од 8:00 часот до 15:00 часот се одржува гласањето за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во петте изборни места: ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, ВЈО Штип и ЈОРСМ.

По затварањето на гласачките места, изборните одбори најдоцна до 19:00 часот составуваат записник за текот и резултатите на гласањето и ја известуваат Комисијата за спроведување на изборите при Советот на јавните обвинители на РСМ, согласно член 28 од Законот за Советот на јавните обвинители.

По приемот на изборниот материјал, а по спроведеното гласање, од страна на изборните одбори од сите пет изборни места, Комисијата за избори во просториите на Советот на јавните обвинители ќе обезбеди директен пренос од сумирање на изборниот резултат, преку Медиумската информативна агенција (МИА).

Skip to content