Search
Close this search box.

Соопштение во врска со Огласот -Сл. весник бр.29/25

На огласот за избор на јавните обвинители во основните јавни обвинителства во Република Северна Македонија, објавен во Службен весник на РСМ бр.29/2025 од 11.02.2025 година, се пријавија вкупно 39 кандидати, од кои еден беше со неуредна документација, а останатите беа комплетни со уредна документација.

До денот на донесувањето на одлука на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по повод наведениот оглас за избор на јавните обвинители, 5-мина кандидати ги повлекоа своите пријави.

Советот на јавните обвинители на 20-тата седница од 07.03.2025 година донесе одлука за избор на 28 јавни обвинители и истата веднаш беше објавена на веб страната на Советот.

Во основните јавни обвинителства и тоа ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кочани, ОЈО Кичево, ОЈО Крива Паланка, ОЈО Радовиш, ОЈО Ресен, ОЈО Струга не се изврши избор на јавни обвинители, од причина што не се пријави ниту еден кандидат со завршена обука од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители.

Skip to content