По повод одлуката за избор на двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје и на двајца јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на ден 18.07.2025 година (петок) со почеток во 11 часот, избраните јавни обвинители Дарко Јакимовски, Владимир Милошески, Наташа Поп Трајкова и Катерина Коларевиќ ќе даваат свечена изјава пред Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.