На ден 08.10.2025 година (среда) со почеток во 10:30 часот, во просториите на седиштето на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, беше одржана работилница заради разгледување на Деловникот за работа на Советот на јавните обвинители со цел унапредување на транспарентноста и отчетноста, на која присуствуваа членовите на Советот и претставници од проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.
На оваа работна средба беа презентирани препораките за транспарентност и отчетност кои се од клучно значење за зајакнување на јавнообвинителскиот систем во државата, каде што спаѓа и Советот на јавните обвинители.
Понатаму се утврди потребата од ревидирање на Деловникот за работа на Советот на јавните обвинители. Имено, во однос на одредени членови од Деловникот, се отвори дискусија околу потребата од нивна измена и дополнување, заради отстранување на воочените недоречености, непотполност, нејаснотии или конфузност при нивната примена. Сето тоа со цел да се унапреди работата на Советот, а со тоа и неговата транспарентноста и отчетноста во работењето. Заклучок на оваа работа средба е дека ќе се преземат дополнителни активности во правец на подготовка на измена на Деловникот за работа на Советот на јавните обвинители.