Search
Close this search box.

Соопштение за одржана седница

Соопштение за јавноста

за одржана седница на ден 15.11.2024 година

На 5-тата седница одржана на ден 15.11.2024 година, со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред објавен на веб страната на 13.11.2024 година, ги усвои записниците од 3-тата и 4-тата седница на Советот. Потоа, се пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Гостивар со подрачните основни јавни обвинителства (Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар) за 2023 година, во присуство на Вишиот јавен обвинител Фаик Арслани, како и на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Штип со подрачните основни јавни обвинителства (Берово, Делчево, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Штип) за 2023 година во присуство на Вишиот јавен обвинител Ристо Бојаџиски. Откако овие извештаи беа презентирани од страна на Вишите јавни обвинители, се отвори расправа и дискусија во врска со нивната содржина. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно ги оцени извештаите и ги усвои.

Skip to content