Search
Close this search box.

Соопштение за одржана седница

На петнаесеттата седница одржана на ден 06.02.2025 година со почеток во 10:30 часот, Претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија предложи измена на објавениот дневен ред со дополнување на уште 3 точки и тоа:   

-Објавување на оглас за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО Струга,

-Објавување на оглас за избор на 2 јавни обвинители во ОЈО ГОКК и

-Формирање на Комисија за изготвување на годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители за 2024 година.

Вака изменетиот дневен ред беше усвоен од страна на членовите на Советот, по што се усвои записникот од 14-тата седница на Советот, а под точка 2 се донесе одлука за избор на јавниот обвинител Сузана Бошнаковска за јавен обвинител во ОЈО Берово.

Под точка 3 од дневниот ред се донесе одлука за објавување на оглас за избор на 47 јавни обвинители во основните јавни обвинителства во РСМ и тоа: 14 јавни обвинители во ОЈО Скопје, 2 јавни обвинители во ОЈО Гевгелија, 1 јавен обвинител во ОЈО Крива Паланка, 3 јавни обвинители во ОЈО Куманово, 1 јавен обвинител во ОЈО Велес, 2 јавни обвинители во ОЈО Битола, 3 јавни обвинители во ОЈО Охрид, 3 јавни обвинители во ОЈО Прилеп, 1 јавен обвинител во ОЈО Ресен, 1 јавен обвинител во ОЈО Струга, 2 јавни обвинители во ОЈО Гостивар, 2 јавни обвинители во ОЈО Кичево, 4 јавни обвинители во ОЈО Тетово, 3 јавни обвинители во ОЈО Штип, 1 јавен обвинител во ОЈО Радовиш, 1 јавен обвинител во ОЈО Делчево, 1 јавен обвинител во ОЈО Кочани и 2 јавни обвинители во ОЈО Струмица.

Под точка 4 и 5 од дневниот ред се донесе: одлука за објавување на оглас за избор на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Струга и одлука за објавување на оглас за избор на 2 јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Под точка 6 од дневниот ред се донесе одлука за формирање на Комисија за  изготвување на годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2024 година.

Под точка разно, Претседателот на Советот ги запозна членовите со поднесокот за повлекување на барањето за престанок на функцијата јавен обвинител поради исполнување на услови за старосна пензија, поднесено од страна на јавниот обвинител Расим Дреца од ОЈО Скопје. Исто така се донесе и одлука за формирање на 2 комисии за спроведување на интервјуто по огласот за избор на јавни обвинители во основните јавни обвинителства во РСМ.

Skip to content