На шестаесеттата седница одржана на ден 07.02.2025 година, со почеток во 10:30 часот, по усвојувањето на дневен ред, а во врска со точка 1 од истиот, и по донесувањето на одлука да се изземе членот на Советот на јавните обвинители Кети Петкова од разгледување и одлучување по предметната жалба а по нејзино барање, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија едногласно одлучи да биде исклучена јавноста при разгледувањето на предметот СОЖ бр.1/25 оформен по повод жалбата на јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје против одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија А бр.03-111/1 од 30.01.2025 година.
По разгледувањето на списите на предметот СОЖ бр.1/25 и дискусијата во која учествуваат повеќето присутни членови на Советот, се повика јавноста за да присуствува на гласање на членовите на Советот и донесувањето на одлука, а во смисла на член 52 став 2 од Законот за Советот на јавните обвинители. Како резултат на тоа, едногласно Советот на јавните обвинители од присутните членови донесе одлука да се потврди одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија А бр.03-111/1 од 30.01.2025 година, со која виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје се оддалечува од вршењето на функцијата јавен обвинител сметано од 30.01.2025 година за време додека трае дисциплинската постапка поведена против него со решение на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција А бр.03-834/7 од 28.01.2025 година за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 став 1 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.