На седумнаесеттата седница одржана на ден 10.02.2025 година со почеток во 10:30 часот, по усвојувањето на дневен ред, по однос на точка 1 од истиот, разгледување на состојбите во Вишото јавно обвинителство Скопје, се отвори дискусија и се утврди потребата од определување на јавен обвинител кој ќе раководи со работата на Вишото јавно обвинителство Скопје за време додека трае оддалечување од вршење на функцијата на Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи. При тоа Советот едногласно одлучи јавниот обвинител во ВЈО Скопје, Наташа Крстевска Цалева да раководи со работата на Вишото јавно обвинителство Скопје во наведениот период.
Под точка 2 од дневниот ред, се констатира престанок на функцијата на јавниот обвинител Манка Јаневска од Основното јавно обвинителство Кичево, поради исполнување на услови за старосна пензија на ден 15.02.2025 година.