Search
Close this search box.

Соопштение за одржана седница

На деветнаесеттата седница одржана на ден 28.02.2025 година со почеток во 10:30 часот, по однос на точка 1 согласно објавениот дневен ред, по разгледувањето на завршната сметка на Советот на јавните обвинители на РСМ за 2024 година, истата се усвои од страна на Советот. Во однос на точка 2 од дневниот ред, се донесе одлука со која се утврди бројот на слободни јавнообвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години, така што истиот изнесува 45. Ваквата одлука ќе биде доставена до Академијата за судии и јавни обвинители.

Разгледувањето на молбата-барањето на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, под точка 3 од дневниот ред, беше одложена за наредна седница.

Под точка разно, Претседателот на Советот ги запозна останатите членови со барањето на Манка Јаневска за продолжување на вршење на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Кичево, согласно измените и дополнувањата на Законот за работни односи, но и со подоцнешниот поднесок од нејзина страна со кој го повлече таквото барање.

Skip to content