Search
Close this search box.

Соопштение за одржана седница

На 6-тата седница одржана на ден 18.11.2024 година, со почеток во 12:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, а во врска со точка 1 од истиот, едногласно одлучи да биде исклучена јавноста при разгледувањето на предметот СОЖ бр.2/24 оформен по повод жалбата на Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје против одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Дов бр.49-2/2024 од 11.11.2024 година.

По разгледувањето на списите на предметот СОЖ бр.2/24 и дискусијата во која учествуваат сите присутни членови на Советот, се повика јавноста за да се пристапи кон гласање во смисла на член 52 став 2 од Законот за Советот на јавните обвинители. Како резултат на тоа, со мнозинство гласови на членовите на Советот на јавните обвинители се донесе одлука да се потврди одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Дов бр.49-2/2024 од 11.11.2024 година, со која Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје се оддалечува од вршењето на функцијата јавен обвинител сметано од 11.11.2024 година за време додека трае кривичната постапка против него.

Skip to content