На седмата седница одржана на ден 21.11.2024 година, со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред дополнет со уште една точка – Номинирање на заменик член на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители, пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Битола со подрачните основни јавни обвинителства (Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Ресен) за 2023 година, во присуство на Вишиот јавен обвинител Пецо Везироски. Откако извештајот за работа беше презентиран од страна на Вишиот јавен обвинител, се отвори расправа и дискусија со членовите на Советот во врска со истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои. Потоа, под точка 2 од дневниот ред, согласно дописот и барањето од страна на Академијата за судии и јавни обвинители, Советот го номинираше јавниот обвинител Анел Фидоски за заменик член на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители.