На деветтата седница одржана на ден 29.11.2024 година, со почеток во 10.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, го усвои записникот од 5-тата седница на Советот и пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје со подрачните основни јавни обвинителства (Скопје, Куманово, Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Гевгелија) за 2023 година, во присуство на Вишиот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски како заменик на Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје.
Откако извештајот за работа беше презентиран од страна на јавниот обвинител, се отвори расправа и дискусија со членовите на Советот во врска со истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.
Потоа, под точка 3, 4 и 5 од дневниот ред, се донесоа одлуки за објавување на: Оглас за избор на Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Прилеп, Оглас за избор на двајца јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје и Оглас за избор на јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Крива Паланка.
Под точка 6 од дневниот ред, Претседателот на Советот ги запозна останатите членови со содржината на Нацрт записникот од триесет и првата седница на Владата на РСМ – Реформска агенда 2025-2027 со текст на Барање од 12.11.2024 година. При тоа, се констатираше дека е потребно да се побараат податоци од службите и надлежните институции, за да потоа се формира работна група која ќе постапува по ова барање.
По точка разно, Претседателот на Советот ги запозна членовите со дописот од Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Пецо Везироски во врска со учеството во Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители.