На десеттата седница одржана на ден 06.12.2024 година, со почеток во 11.30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 од истиот ги усвои записниците од 7-мата, 8-мата и 9-тата седница на Советот.
Под точка 2 од дневниот ред едногласно се донесе одлука да јавноста биде исклучена при разгледување на предметот ДОВ бр.30/24 заради заштита на угледот и интегритетот на јавните обвинители, но по завршувањето на дискусијата по предметот, јавно се објави заклучокот донесен од страна на Советот на јавните обвинители во врска со наведениот предмет. Заклучокот е дека не се утврди влијание на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија врз работата на Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи и на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски во врска со конкретниот предмет и не е загрозена нивната самостојност во одлучувањето. Потоа, под точка 3 од дневниот ред се донесе одлука за номинирање на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Енѓелуше Кадриу Леши за заменик член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, а на местото на претходно номинираниот Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу Рамадани