На единаесеттата седница одржана на ден 20.12.2024 година, со почеток во 11:00 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, го усвои записниците од 6-тата и 10-тата седница на Советот и пристапи кон разгледување на Извештајот за работа на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија за 2023 година, во присуство на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.
Откако извештајот за работа беше презентиран од страна на Јавниот обвинител, се отвори расправа и дискусија со членовите на Советот во врска со истиот. По разгледувањето и дискусијата, Советот позитивно го оцени извештајот и го усвои.