На дванаесеттата седница одржана на ден 25.12.2024 година со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, под точка 1 донесе Одлука за објавување на оглас за избор на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Берово, а под точка 2 од дневниот ред донесе одлука за формирање на 2 пописни комисии составени од претседател и двајца членови, како и нивни заменици од редот на вработените службеници во Советот и тоа: Комисија за попис на постојани средства и попис на залиха на материјали, резервни делови, ситен инвентар и амбалажа и Комисија за попис на парични средства и хартии од вредност и попис на побарувања и обврски.