Учество на 18-та сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност на НКЕУ-МК

На ден 29.01.2026 година на покана на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, двајца членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија присуствуваа на 18-та сесија на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), посветена на темата „Новиот пакт за миграција и азил: безбедносни и интеграциски предизвици во Европа, со фокус на Западниот Балкан и Република Северна Македонија“.

            Притоа, Претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими  учествуваше како еден од панелистите на оваа работна сесија.

            На сесијата беше претставена Националната програма за миграција 2026–2030, која оди во насока на зајакнување на граничната безбедност и усогласување со европските регулативи и потреби, при што беше нагласено дека Западниот Балкан треба да даде активен придонес во миграциските реформи, со  заклучок дека само преку координирани напори, почитување на меѓународните стандарди и активна улога на Западниот Балкан може да се осигураат ефикасни, фер и одржливи решенија за сите засегнати страни и преку дијалог  да се создадат поцврсти механизми за соработка и конструирање на миграциски политики кои се одржливи и за регионот и за Европа како целина.

Сподели

Facebook
X
LinkedIn
Email
Print
Skip to content