Учество на работилница во врска со постапката за надзор и со постапката за дисциплинските постапки

На 30-ти и 31-ви октомври 2025 година во организација на проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото“,   членовите на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија учествуваа на работилница: Тркалезна маса за постапката за надзор и за постапката за дисциплинските постапки, во хотел Скардус – Попова Шапка. На истата беше презентиран извештајот за надзор, правната рамка и постапката за надзор предвидена во Предлог-законот за јавното обвинителство, се дискутураше за измените на Правилникот за надзор согласно наведениот предлог-закон, за потребата од унифициран образец за вршење на надзор, понатаму за предизвиците и проблемите во постапките за дисциплинска одговорност на јавните обвинители и како е регулирана дисциплинската постапка согласно новиот предлог на Законот за јавното обвинителство и Законот за Советот на јавните обвинители. Исто така беа презентирани препораките од мислењето на Венецијанската комисија по однос на наведените предлог закони и се дискутираше околу оваа тема, а се презентираа и меѓународните стандарди за дисциплинските постапки.

Сподели

Facebook
X
LinkedIn
Email
Print
Skip to content