Претседателот на Советот на јавните обвинители на РСМ, г-н Башким Бесими, јавниот обвинител од Јавното обвинителство на РСМ, г-н Елвин Вели и јавната обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, г-ѓа Наташа Поп Трајкова, на покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) учествуваа на Регионалната конференција „Од хартија до практика: Како реформите во правосудството да дадат резултати во предметите на организиран криминал и корупција“, која се одржа на 26-ти и 27-ми октомври 2026 година во Будва – Црна Гора и на која беше претставен извештајот од набљудувањето на судските постапки во Западен Балкан.
Целосниот текст во врска со настанот е достапен на сајтот на ЈОРСМ.