На ден 26.12.2025 година со почеток во 11:00 часот, на покана на Коалицијата “Сите за правично судење“, двајца членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија присуствуваа на завршната конференција за презентација на годишните извештаи од мониторингот на Коалицијата “Сите за правично судење“ во 2025 година, која се одржа во хотел Панорамика – Скопје.
Притоа, Претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими учествуваше на оваа конференција и како еден од панелистите, со свое обраќање на тема “Одговорност со суштина – вистинска контрола на професионалноста и интегритетот, неформализам“.
На конференцијата беа презентирани прибраните и анализирани податоци, вклучително со сите наоди и препораки од изготвените финални анализи од спроведениот мониторинг на судските постапки и на закажаните јавни седници на Советот на јавните обвинители и Судскиот совет на Република Северна Македонија.